"Постојат многу апликации, посебно во бизнис околина, каде што потребите се над нивото кое може да го исполни еден харддиск, без разлика од неговата големина, перфоманси или квалитет. Многу системи не можат да си дозволат да не работат ни еден саат поради расипување на харддискот; нив им требаат големи капацитети до неколку терабајти; и им треба изолација од хардверско расипување да биде колку што е можна поголема. Некои луѓе кои работат со мултимедијални фајлови им треба брз податочен трансфер поголем од моменталните харддискови што можат да го дадат, без потреба да дадат богатство за специјални драјвови. На овие ситуации не им треба моделот „еден харддиск по систем“, нив им треба нов модел. Оваа техника се нарекува Redundant Arrays of Inexpensive Disks (редундантни групи на ефтини дискови) или RAID (некаде наместо Inexpensive се користи поимот Independent).Надявам се, че няма да имате проблеми с разчитането на статията, която е на "македонски".
Фундаменталниот принцип позади RAID е да се користат повеќе харддискови во група која ќе се однесува како единечен голем, брз харддиск. Постојат повеќе начини ова да се оствари, во зависност од потребите на апликациите, но во секој случај користењето на мултипл харддискови овозможува зголемување на капацитетот, сигурноста на податоците и перфомансите во однос на единечните драјвови од кои е направена RAID групата."
RAID технологията - обяснена!
г. 23:09 ч. Кристиан ДимитровСподелете тази новина: